Најголемиот и најубав настан на ТВ индустријата во Централна и Источна Европа се враќа наскоро. Засега, темите откриваат уште еден возбудлив собир на најголемите експерти и професионалци од оваа индустрија.
Од 10-13 јуни во Дубровник ќе се дискутира за жешки теми, за идните трендови, ќе се водат интересни панел дискусии, презентации на водечки компании, ексклузивни интервјуа и проекции најдобрите нови ТВ содржини. И во оваа година на NEM (New Europe Market) ќе има безброј можности за вмрежување со најдобрите медиумски компании во светот, како што AMC, Warner Bros., Viacom, Eutelsat, Viasat World и многу други.
Платформи на барање и ТВ канали – пар од соништата или вечни непријатели?
Првите две теми и стручни говорници на NEM 2019 ветуваат уште една заокружена расправа за најважните теми во индустријата, медиумите и забавата.
На вториот ден на NEM, ќе се зборува за една од моментално најважните теми за дистрибутерите на телевизиски услуги,”Платформи на барање и ТВ канали – меѓусебно исклучиви или одлична комбинација?“. Постои несомнена привлечност на платформите кои овозможуваат гледање содржина на барање кај гледачите, но како на тоа гледаат претставниците на некои од најголемите телевизиски дистрибутери во светот?
Нивните ставови на оваа тема ќе ги открие Салим Мукадам, генерален директор и потпретседател за Централна и Источна Европа на BBS Studios, Катарина Бехрендс, генерален директор за Централна и Источна Европа на NBCUniversal, Елена Балмонт, постар заменик претседател за Централна и Источна Европа и Израел во Viacom International Media Networks, Левенте Малнеј, извршен потпретседател и претседател на AMC Networks International за Централна и Северна Европа и Карин Хејинк, потпретседател за содржина и производи во Viasat World Limited.
OTT играта штотуку започна
Една од поинтересните дебати ќе биде во врска со OTT услугите во панелот насловен “OTT играта штотуку започна“, во која своите размислувања ќе ги споделат лидерите на европските телекомуникациски компании како Еинари Канерва, директор во Elise Corporation од Финска, Маријана Вукашиновиќ, раководител за управување содржина во Телеком Србија, Елена Петрова, раководител за меѓународен развој на А1 Телеком Австрија Групацијата, Димитрис Микалакис, извршен директор на Космоте ТВ и Клитон Проко, директор на развој на бизнисот на АЛБтелеком Албанија.
Говорниците ќе се осврнат на начинот на кој Pay TV играчите можат да ја искористат својата предност на пазарот и како да ја монетизираат таквата услуга.
Рекорден интерес за NEM 2019
Побрзо од било кога е пополнето сместувањето во хотел Дубровник Палас и хотел Компас во Дубровник, што е показател за досега најголем интерес за NEM.
Резервирајте за најдобрата комбинација на работа и сонце на neweumarket.com