Брендот за мебел IKEA објави нова реклама за британскиот пазар насловена “It won’t feel like home ’til it feels like you” (во значење „Нема да го чувствувате како дома додека не го чувстувате како себе“).
Рекламата прикажува семејство кое се вселува во својот нов апартман. Меѓутоа, персонифицираниот „жив“ апартман и неговиот декор првично реагираат со чувство на негостопримство, сé додека семејството не го уреди станот по нивни вкус – по што навистина почнува да се чини „како дома“.
Пораката е дека просторот за живеење може да се чини како неудобен, па дури и „непријателски“, додека не ги направите неопходните амбиентални „допири“ по ваш вкус – како рефлексија на сопствената личност.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother London и продукциската куќа Somesuch.