Проектот “Една книга за мир” на агенцијата New Moment влезе во финале за златна награда IPRA во категоријата “Агенцијa – невладина кампања”
Агенцијата New Moment влезе во уште едно финале со проектот “Една книга за мир”. Овој пат се работи за финалето за златна IPRA награда за ПР во категоријата “Агенцијa – невладина кампања”.
Годишната иницијатива IPRA Golden World Awards (GWA), е основана во 1990 година, со цел да го препознае квалитетот во праксата на односи со јавноста во целиот свет во различни категории. Добитниците на наградите може да бидат особено горди на признанието кое се доделува за исполнување на меѓународните стандарди во односите со јавноста. Наградите ги добиваат кампањи и агенции кои го докажале својот квалитет и кои работеле според највисоки светски стандарди во изминатата година.
Добитниците на IPRA натпреварот ќе бидат објавени во средината на јули, а церемонијата на свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19 октомври во Барселона.
Проектот “Една книга за мир” е создаден во соработка на агенциите New Moment и Y&R Дубаи, а креиран е за Меѓуверскиот совет во Босна и Херцеговина, со цел да се срушат верските предрасуди и да се подигне свеста за важноста на меѓусебното разбирање и меѓурелигискиот дијалог.
Досега, проектот “Една книга за мир” освои бројни награди на најпрестижните светски фестивали за креативност и маркетинг, како што се Cannes Lions, SABRE, ICCO, Eurobest, Epica Awards, Sempl, BalCannes, Golden Drum, UEPS и DSOJ.