Home » Во фокусот » New York Times одлично го илустрира скандалот со сексуалното вознемирување во својата реклама за време на Златен глобус 2018

New York Times одлично го илустрира скандалот со сексуалното вознемирување во својата реклама за време на Златен глобус 2018

New York Times помогна во соборување на системот кој ги поткопа жените во индустријата на технологијата, медиумите и пред се` забавата, детално известувајќи за сексуално вознемирување и нападите во овие индустрии во 2017 година. Поттикнати од оваа динамика, брендот направи уште еден извонреден настап на големата холивудска сцена со реклама за време на наградите за Златен глобус, која зборува за тоа како гласот на жената се повеќе доаѓа до израз. Се работи за  продолжение на кампањата “The Truth Is Hard“, која беше осмислена од страна на агенцијата Droga5 Њујорк, а која беше лансирана во текот на доделувањето на Оскарите минатата година.

Како и претходниот, и овај спот изгледа скромно, само со црн фонт на бела позадина, но пораката е навистина импресивна. По првичната реченица “Тој рече” и “Таа рече”, спотот добива кулминација кога “Таа рече” почнува да го пополнува целиот екран, истакнувајќи го гласот на жените. Потоа следат пораките од кампањата: “Вистината има моќ, вистината нема да биде загрозена, вистината има глас”.

Сметавме дека употребата и извртувањето на јазикот кој со години ги замолчуваше жените би биле едноставен начин да ги прикажеме јасните разлики помеѓу начинот на кој светот изгледаше пред една година и онаков како што е сега“, изјави креативниот директор на агенцијата Droga5, Џули Матени.

Кампањата ќе вклучува и печатени и дигитални материјали кои ќе се фокусираат на вистински приказни од Тајмс.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365