Home » Во фокусот » Независните агенции ги „освојуваат“ големите брендови!

Независните агенции ги „освојуваат“ големите брендови!

Оваа година според сите мерила е шаренолика за најголемите агенции во огласувачката индустрија, а посебно кога се во прашање медиските агенции во САД.

Тоа го покажува извештајот за новите бизниси (new business barometer) кој минатата недела го објави независната истражувачка компанија COMvergence од Париз, а којшто се фокусира на спојувањата и купувањата на агенциите, движењето на клиентите и промените на челните позиции на агенциите.

Според Olivier Gauthier, основач и директор на COMvergence, најзначајниот тренд оваа година се однесувал на големите и средно големите брендови кои своето медиско работење го пренесле од агенциите во сопственост „големата шесторка“ (WPP, Omnicom, Publicis, Havas, MDC Partners и Dentsu) во помали, независни агенции.

Тоа може да биде предизвикано од падот на довербата во големите холдинг групации“, изјави Gauthier. „Средните и големите клиенти се повеќе бараат опција надвор од големата шесторка, и се` повеќе се склони да размислуваат дали да работат со една од овие компании. Од 42 питчеви кои ги организирале големите компании во САД, 16 се преселиле во независни агенции“. Тие 16 бизниси заедно вложуваат повеќе од 2 милијарди долари во огласувањето.

Gauthier ги издвои Sprint, Hondа и Darden Restaurants, кои неодамна своите работи на медиско планирање и закуп во САД го преселија во агенциите Horizon Media, RPA и The Tombras Group. Сите три агенции се независни, односно не се во сопственост на една од шесте главни групации, а секоја од нив порано биле во портфолиото на некоја од големите мрежи.

Нема јасен победник за 2017 година“, озјави Gauthier за холдинг компаниите. Така на пример, GroupM на WPP оствари најголем раст на приходите во првата половина од годината од околу 240 милиони долари, но исто така изгуби неколку клиенти, вклучувајќи ги Accenture и Michelin.

Gauthier исто така обрна внимание на минатогодишниот експлозивен ивештај на ANA за транспарентноста, наведувајќи го како еден од можните причини за раздвижувањето на независните медиски агенции, меѓу кои Horizon води во вкупните победи и нови клиенти.

Другиот главен тренд кој го открива ова истражување е лоша вест за агенциите кои веќе работат за клиенти кои сакаат да започнат ревизија. Имено, клиентите кои започнуваат медиска ревизија се почесто тоа го прават со намера да ја променат агенцијата. Од 42 ревизии разработени во извештајот, само во два случаи (Activision и Luxottica), клиентите ја задржале постојната агенција. Во двата случаи се работеше за Omnicom Media Group.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365