Home » Во фокусот » Незгодите на не-милениумците во светот на милениумците

Незгодите на не-милениумците во светот на милениумците

Аргентинскиот сервис за вработување ZonaJobs во новата реклама, на духовит начин се позанимава со денешната работна култура

Во новата духовитa кампања на аргентинскиот сервис за вработување ZonaJobs, имаме можност да го следиме средновечниот „анти-милениумец“ кој се обидува да се вклопи во денешната работна култура прилагодена на милениумците.

Рекламата, која ја направи агенцијата FCB Buenos Aires, а ја продуцираше куќата Mu Films, го следи главниот протагонист Роберто, кој станува се` повеќе и повеќе бесен и беспомошен во друштво на своите колеги милениумци. Тие носат скејтборди на работа и ги носат своите кучиња во фанки канцелариите; тие прават селфи, играат пинг понг на работа и седат на вреќи. Од друга страна, тој доаѓа на работа и кога е „ден за работа од дома“, очаен е кога во лифтот мора да се вози со луѓето кои со себе носат велосипеди и во бес го крши пенкалото кога во службениот меил добива гиф. Одлично вклопениот хумор и одличната изведба на актерот кој го глуми Роберто, ја прават оваа реклама вредна за гледање.

Рекламата завршува со зборовите: „Работата се промени, но местото за барање на работа останува исто,“ а кампањата има за цел да покаже дека ZonaJobs го разбира начинот на кој милениумците се вклопуваат во пазарот на трудот денес.

Предизвикот на оваа кампања беше да се прикаже со помош на хумор, како културата и начинот на работа се променија и еволуираа во текот на изминатите години. И како некои луѓе, како Роберто, главниот лик на оваа кампања, коегзистираат со тие нови правила на непзната територија,“ изјави Luciano Landajo од агенцијата FCB Buenos Aires.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365