Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања за вработување во Латвија, која се фокусира на инклузивната политика на компанијата.
Централниот спот на кампањата насловена „Ние вработуваме луѓе“, претставува забавен колаж од снимки во кои се прикажуваат различни луѓе во разни, помалку хумористични, ситуации.
Притоа, нараторот порачува: „Ние не вработуваме црвенокоси, ние не вработуваме плавокоси, тапанари, пилоти, инфлуенсери, ние не вработуваме студенти, дипломци, жени, или мажи…“, заклучувајќи со „Ние вработуваме луѓе! Без разлика на нивната возраст, образование или искуство.“
На крајот од спотот стои линк до веб-сајтот за вработување во McDonald’s, заедно со повик за приклучување кон тимот.
„Новата кампања за вработување на McDonald’s ги истакнува вредностите, разноликоста и инклузивноста на брендот. Тоа укажува на фактот дека вратите на McDonald’s се отворени за секого без разлика на пол, возраст, искуство, хоби, боја на кожа, националност, па дури и необичен стил. Ние ја славиме хуманоста и тоа е најважно“ – се посочува во соопштението по повод кампањата.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата TBWA Latvia.