Nielsen Branded Integration Intel ќе ги анализира споменувањето на брендовите на различни платформи
Нилсен започна со нова опција за мерење со која на сака да им помогне на издавачите и маркетерите да го стандардизираат спомнувањето и појавувањето на брендовите на различни платформи.
Nielsen Branded Integration Intel е првата стандардизирана алатка за следење, мерење и проценување на интеграцијата на брендовите, како и било какво појавување или споменување на производите – на линеарната телевизија, видео записите со краток формат и претплатнички VOD услуги, како што е Netflix. Мерните податоци ќе им помогнат на мрежите и маркетерите да одредат колку медиумската изложеност од таквите кампањи делувала во споредба со традиционалното телевизиско огласување, а Нилсен тврди дека тоа во крајна линија може да доведе до попрецизна монетизација на интеграцијата на брендовите.
Nielsen Branded Integration Intel ќе го анализира и “оценува“ секое појавување на брендот во содржините, вклучувајќи фактори како што се големина, локација, времетраење, влијание и други.
„Ние им помагаме на клиентите да ја сфатат природата на нивната интеграција на брендот на начин на кој што не биле во можност да ја следат претходно“, изјави Рене Плато, постар заменик претседател за медиумските решенија и иновации во Нилсен.
Nielsen Branded Integration Intel „ е дијагностичка алатка за разбирање на тоа како изложеноста на брендот влијае врз препознавањето на брендот“, вели Плато. „Колку резултатот е подобар, толку е поефикасно препознавањето што брендот го постигнал“.
Оваа мерка опфаќа шест различни типови класификации, вклучувајќи вербално споменување, пасивно или активно (дали брендот е во позадина или е истакнат), брендирано или небрендирано појавување (дали брендот или логото се видливи или се сугерирани низ контекстуални индиции, како обликот или бојата на производот). Податоците потоа се разградуваат понатаму, при што се гледа на големината на брендот, локацијата (поблиску до центарот на екранот, каде што дава поголема запамтливост) и важноста.