Home » Extra 5 » Nike замисли кинески доминирана иднина во фудбалот

Nike замисли кинески доминирана иднина во фудбалот

И покрај тој што Кина не беше дел од Светското фудбалско првенство оваа година, таа имаше најголем пораст на средства наменети за адвертајзинг за време на настанот.

И додека нивното време “под светлото” допрва треба да дојде, земјата гледа со оптимизам кон иднината, а брендот за спортска опрема Nike се приклучи кон тој оптимистички поглед за кинеската фудбалска иднина.

Во нивната најнова реклама наменета за кинескиот пазар „Dare to Become“, создадена од Wieden+Kennedy Шангај, гледаме иднина во која најдобриот светски фудбалер, после пензионирањето на Кристијано Роналдо, е Кинез. Тоа е свет во кој Манчестер Сити го исполнува својот список на играчи со кинески фудбалери и цела Англија плачe откако ќе се најде во иста група со Кина.

Тоа е прилично амбициозна иднина, „но иднина во која цела генерација на млади кинески играчи верува и работи за да ја постигне,“ стои во соопштението на Nike по повод новата реклама.

Спотот постигна 170 милиони прегледи во само неколку дена откако беше споделен на кинеските социјални медиуми – знак дека е добро прифатен од потрошувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365