Уникатниот и освежувачки вкус на Coca-Cola го подигнува духот на луѓето веќе со генерации. Тоа е искуство што само тој единствен пијалок може да го понуди и скоро е невозможно да се опише со зборови. Поради тоа, Coca-Cola се реши да лансира нова кампања со која на сите фанови ќе им понуди начин како да го опишат уникатното искуство на првата голтка Coca-Cola.
Централниот спот на кампањата, насловена “Open that Coca-Cola” („Отвори ја таа Кока-Кола“) прикажува различни луѓе на различни восрасти и во различни прилики кои почнуваат да танцуваат по отпивањето на првата голтка Coca-Cola, проследено со вербални експресии како „Ahhhh! Oooh! Yeah!“.
Музиката за рекламата е оригинална и создадена од страна на познатиот американски рапер Tyler, The Creator, кој е долгогодишен фан на брендот и ја споделува неговата автентична оригиналност.
Спотот ќе биде емитуван на телевизија, онлајн и на радио, а кампањата ќе вклучува и интерактивни out-of-home и дигитални активности. Притоа, брендот отворени ги охрабрува своите фанови на социјалните медиуми да дадат сопствена интерпретација на чувството на првата голтка Coca-Cola и да го рекреираат танцот од рекламата.
Напоредно со кампањата, компанијата во следните месеци на европскиот пазар ќе ја лансира новата, еволуирана Coca-Cola Zero Sugar, со подобрен вкус и ново пакување.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy London.