Home » Во фокусот » Нова кампања на Инстаграм која има за цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје

Нова кампања на Инстаграм која има за цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје

Социјалните мрежи често се критикувани како платформи кои раѓаат нездрави споредби на луѓето, како со пријателите така и со непознатите луѓе.

Инстаграм започна #HereForYou кампања со цел да им помогне на корисниците да пронајдат помош и во онлајн и во офлајн светот, како во превенцијата, така и во борбата со менталните болести. Во едноминутниот спот, корисниците зборуваат за својата борба со пореметувањето во исхраната, депресијата и суицидните мисли. Во спотот се појавуваат сосема обични луѓе, а не Инстаграм инфлуенсери кои имаат илјада следбеници.

Покрај водечкиот хаштаг за кампањата, Инстаграм истакнува и неколку други, вклучувајќи #ItsOkayToTalk, #MentalHealthMatters, #RecoveryIsPossible, #SadGirlsClub, #EndTheStigma, #SelfLoveClub и #EDWarrior. Истоа така составена е и листа на установи, по земји, во кои корисниците можат да се обратат за помош.

Извршниот директор на Инстаграм истакна дека доколку корисниците видат пост од некој на кому е потребна поддршка, можат да пријават анонимно, а Инстаграм ќе го поврзе со организациите кои нудат помош.

Видеото од кампањата можете да го погледнете на следниов ЛИНК.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365