Првиот ТВ спот на овој бренд во кој носителот на комуникација не е познатото мече Лино
Иако сите ние имаме различни карактеристики и навики, развиваме различни вкусови и погледи на светот и ги правиме работите секој на свој начин, постои нешто што ги поврзува сите нас. Само нешто толку посебно може да собере на иста маса толку многу различни луѓе – големи и мали.
“За големи и мали деца” е нова комуникациска платформа која за Чоколино, популарниот производ кој веќе со децении е омилено јадење и незаменлив ритуал за многумина, за возрасните дури и повеќе отколку за децата, го осмисли McCann Загреб. Интересно, ова е првиот ТВ спот во историјата на брендот во кој носителот на комуникацијате не е мечето Лино.
„Чоколино е најпознатиот и омилениот производ од семејството Лино, кој нè следи уште од мали нозе. Чоколино не е само храна за бебиња, во неговиотт уникатен вкус уживаат сите – и големи и мали. Со топло или ладно млеко, погусто или поразредено, секој потрошувач има свој рецепт за подготовка. Тоа баше инспирацијата за креирање на нова комуникациска платформа и затоа ги собравме потрошувачите од сите возрасти и профили. Колку и да се различни, на сите им е заедничко тоа да уживаат во Чоколино. Кампањата започна во сите земји од Јадранскиот регион “, изјави Маја Пезељ Стуња, Бренд менаџер во Подравка.