Флонија Васија Ѓолма е новата креативна директорка во агенцијата McCann Тирана.
„Воодушевена сум што успеавме да ја вратиме во агенцијата. Сите идеи и креативност кои доаѓаат во нашата креативна кујна можат едноставно да се мирисаат“, рече Суела Штила, директор на агенцијата.
Флонија креираше бројни идеи кои довеле до успешни кампањи за разни клиенти и брендови низ годините и е автор на наградуваната кампања „Respect the Living Too“ која ја донесе првата меѓународна награда Golden Drum во Албанија и McCann Тирана. Нејзиниот креативен дух ги проникнува низ сите нејзини идеи обликувани во оригинални креации, незаборавни визуелни идентитети, срцепарателни ТВ реклами, кампањи и дизајни во Албанија.
„Отсекогаш сум била со срцето во огласувањето и цврсто верувамво во моќта на креативноста, нејзиното влијание врз животот и социјалните перцепции на луѓето. Се радувам на новите предизвици и идната соработка“, рече Флонија Васија Ѓолма.