Икеа Канада лансираше нов празничен спот кој се врти околу магијата и еколошката одговорност, а во кој старите производи на Икеа добиваат нова цел во животот. Сето ова е раскажано во познатиот божиќен дух и во контекст на срдечна семејна приказна.
Спотот е насловен “Magic Man” и го следи малото момче кое се обидува да го забавува своето големо семејство со магија, но се чини дека на сите негови трикови им недостасува нешто, се`додека на помош не притрча дедо му, кој решението го наоѓа во старите Икеа полици, кои со малку боја и “магија”, добиваат нова цел.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=CMssY5-0kRE
Како и претхониот спот за Икеа, продолжението на легендарната реклама за ламбата, и овај го изработи агенцијата Rethink, а основната идеја повторно е продолжување на животот на еден производ од Икеа. Бидејќи сезоната на празници е веројатно најтешка по буџетот на секое семејство, оваа порака сигурно е вредна за пофалба, иако за некои може да биде неочекувана за еден трговски синџир.
Но, во овој случај, совршено се вклопува во новата посветеност на Икеа да стане целосно циркуларен бизнис до 2030 година. Ова значи дека Икеа од самиот дизајн на производите ќе работи на производи кои ќе може повторно да се користат или рециклираат, со употребата на обновливи,рециклирани и материјали кои можат да се рециклираат, заради елиминирање на отпадот и поврзување со своите купувачи на нови начини, со цел да им даде на производите подолг век на траење.