Home » Во фокусот » Новата реклама на Apple – portrait mode опцијата трансформира една берберница во Њу Орлеанс

Новата реклама на Apple – portrait mode опцијата трансформира една берберница во Њу Орлеанс

Apple се обидува да се приближи до Инстаграм генерацијата, па во новата реклама одлучија уште еднаш да ја покажат моќта на „Portrait Mode“ опцијата на најновиот iPhone телефон.

Во рекламата се појавува слоганот на Apple „practically magic“ а дејството се одвива во мирна берберница во центарот на Њу Орлеанс , која благодарение на iPhone претрпува радикална ревитализација.

Едноминутниот спот е преполн со фотографии на луѓе, а целта е да се претстави квалитетот на фотографиите кои се добиват благодарение на апикацијата „Portrait Mode“, кои компанијата ги споредува со професионалните фотографии. Така една мала берберница во ова видео станува омилено место за шишање благодарение на моќта на оваа апликација.

Portrait Mode апликацијата користи дуална камера на iPhone 7 Plus уредите со цел да ги пресмета различните длабочини на фотографијата, и со замаглување на позадината дава чувство како фотографијата да е снимена со врвна DSLR камера.

Apple исто така ја донираше целата коса која е собрана на снимањето на оваа реклама во хуманитарната организација „Locks of Love“ која прави перики за болни и материјално загрозени деца.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365