Home » Во фокусот » Новата реклама на McDonald’s со песна од каталогот на Филтер Лабел

Новата реклама на McDonald’s со песна од каталогот на Филтер Лабел

Најновата реклама на McDonald’s за нивните Maestro сендвичи искористи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика Филтер Лабел. Креативниот директор кој работеше на рекламата имаше идеја да направи нешто поинакво од досегашните промо клипови на брендот и побара песна што на конечниот производ ќе му даде стилизиран ретро призвук.

The Dust Settles Down од групата The Lovely Intangibles е една од петте песни што Филтер Лабел ги предложи и беше веднаш прифатена со образложение дека совршено одговара на замислата на режисерот поради “уметничкиот кул звук” на бендот. Рекламата е наменета за телевизиите во Полска, а започна да се емитува денеска.

Инаку, ова не е прв пласман на песна од каталогот на Филтер Лабел во реклама на светски познати брендови. Досега, музика од каталогот на македонската компанија се има појавено во реклами на Nike и Philip Morris, како и во повеќе серии и филмови, меѓу кои и The OA, Nikita, CSI: Las Vegas и The Matrix Revisited.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365