Home » Extra 5 » Новата верзија на Facebook IQ ви овозможува брзо и лесно пребарување на податоци додека сте во движење

Новата верзија на Facebook IQ ви овозможува брзо и лесно пребарување на податоци додека сте во движење

Facebook IQ ја претстави својата нова верзија “Insights to Go”, наменета за брзо пребарување на податоци додека сте во движење. За да ви помогне полесно да најдете тоа што барате, Insights to Go содржи алатки за пребарување, филтрирање и симнување на податоци.

Со Insights to Go можете да најдете се’ што има на веб страната Facebook IQ. Ако ве интересира некоја одредена тема, може да го користете пребарувачот или алатката за филтрирање за да ги сортирате содржините. Кога го користите филтерот, меѓу другото, можете да филтрирате и по држава, индустрија или платформа.

Новата Insights to Go верзија, за разлика од обичната Facebook IQ страна, ги распоредува сите податоци превземени од датабазата на Facebook IQ во засебни ‘картици’. На пример, една ‘картица’ ќе содржи податок за навиките за купување на жените, а друга за најдобрите креативни практики. Секоја ‘картица’ содржи и копчиња за споделување и симнување, овозможувајќи ви да ги зачувате податоците на уредот за потоа да ги споделите приватно со клиентите и колегите, или да ги споделете јавно на вашиот Facebook профил.

Важно е да се напомене дека Insights to Go нема да биде постојана верзија на Facebook IQ сајтот, туку е опција која може да ја изберете. Секој пат кога ќе го посетувате веб сајтот, ќе треба да ја изберете опцијата Insights to Go за да пристапите кон алатките.

Facebook IQ е веб сајт кој содржи податоци за различни категории, како што е ‘публика’, ‘медиа навики’ или креативни ‘практики’. Податоците прикажани на веб сајтот се директно превземени од истражувањата на Facebook.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365