Home » Во фокусот » Новите Супер-колачи на Виталиа со Брајова азбука!

Новите Супер-колачи на Виталиа со Брајова азбука!

Македонскиот производител на здрава храна Виталиа продолжува со своето општествено одговорно делување. Покрај тоа што креира здрави производи за цела популација, произведува и специфични производи за одредена категорија консументи, за луѓе со попреченост, а овој пат се реши да им помогне на лицата со оштетен вид. Имено компанијата се погрижи на амбалажата на своите најнови производи, Super cookies, да биде испишана Брајовата азбука!

Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива, потврдувајќи ја со тоа уште еднаш својата решителност да им помага на луѓето од ранливите категории. Во компанијата веруваат дека тој чекор ќе го следат и другите компании.

Лицата со попреченост на видот се дел од нашата заедница и заслужуваат да им бидат овозможени истите права и уживања како и на сите нас. Сега  за прв пат ќе можат самите во продавница да ги препознаат и да ги изберат овие здрави продукти кои Виталиа ги нуди”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа.

Виталиа  оваа година слави јубилеј 25 години од своето основање, црвсто решена дека нејзината општествено одговорна улога ќе продолжи и понатаму, со уште поголем интензитет, покажувајќи лидерство и висока деловна одговорност, и почит кон локалната заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365