Home » Компании » Ново партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“

Ново партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“

Трите компании се здружуваат за да овозможат најдобро доживување при гледањето на видео содржини со помош на HDR10+ технологија

 

Новото партнерство помеѓу трите големи компании – “20th Century Fox“, “Panasonic Corporation“ и “Samsung Electronics“, ќе обезбеди создавање на отворена платформа HDR10+ која ќе им овозможи на корисниците најдобро доживување при гледањето на видео содржините.

Овие три компании заедно ќе формираат единица за издавање на лиценци која од јануари, 2018 година ќе почне да издава лиценци за HDR10+. Лиценците ќе се издаваат на компании кои креираат содржини, на произведувачите на телевизори со ултрависока дефиниција, блу-реј плеери и сет-топ боксови, како и на СоЦ продавачи, без финансиски надоместок, само за номинален административен надоместок.

Како лидери во областа на содржините и хардверот за домашна забава, овие три компании представуваат идеални партнери кои ќе го доведат HDR10+ во домовите на корисниците ширум светот. Посветено работиме со цел преку нашите ТВ уреди да ги направиме достапни најновите технологии и уверени сме дека HDR10+ ќе го унапреди корисничкото доживување при гледањето на телевизиски програми и филмови во домовите” – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Ču), Сениор Потпретседател на Дивизијата за Екрани во Компанијата Самсунг.

HDR10+ jе најновата технологија за екрани од следната генерација која овозможува беспрекорен квалитет на сликата, при што осветленоста, бојата и контрастот автоматски се поставуваат за секоја сцена. Во минатото се применувале фиксни поставувања на целата содржина, но сега со динамичкото мапирање на тоноп преку HDR10+ секоја сцена се обработува поединечно, што допринесува живописната визуелна содржина да изгледа што е можно пореално и притоа, се достигнува најдобриот квалитет на слика. Ова ново, напредно визуелно искуство им овозможува на корисниците да ја видат сликата онака како што креаторите на содржината сакале да им ја прикажат.

HDR10+ е технолошки чекор напред кој го прилагодува квалитетот на сликите за екраните од новата генерација.” – изјави Дени Кеј (Denny Key), Извршен Потпретседател на Компанијата “20th Century Fox“. “HDR10+ обезбедува динамички метаподатоци, кои прецизно ја опишуваат секоја сцена за да овозможат најдобар квалитет на слика. Во соработка со компаниите Панасоник и Самсунг преку “Fox Innovation Lab“ лабараторијата за иновации, успеавме новите платформи, како HDR10+, да ги прикажеме на пазарот вон кино-салите

Постојат неколку клучни предности за партнери кои сакаат да ја превземат оваа платформа за своите HDR10+ производи. HDR10+ нуди флексибилност на системот, овозможувајќи им на различните партнери во оваа платформа да вградат и свои производи и со тоа да го збогатат корисничкото доживување на корисниците. Платформата HDR10+ е дизајнирана за да овозможи понатамошен развој и иновации за да би можело во наредните години да имаме уште помоќна технологија.

“Компанијата Панасоник има долга историја во развојот на долготрајните технички формати. Навистина ни е драго што ќе соработуваме со компании од ваков ранг, кој на корисниците ќе им овозможи многу поволности. Нудејќи значајно подобрување на квалитетот на HDR фотографиите на поширок спектар на ТВ уредите, со истовремено забрзан раст на понудата на HDR содржини, очекуваме HDR10+ naskoro da stane de facto HDR format.” – изјави Куки Кусуми (Јuki Kusumi), Извршно овластено лице на Компанијата Панасоник.

Посетителите на овогодинешниот ИФА саем ги повикуваме да ги посетат штандовите на компанијата Самсунг и Панасоник како би дознале повеќе информации за HDR10+ технологијата.

“20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“ ќе ги објават деталите на програмата за лиценцирање и ќе ја демонстрираат HDR10+ технологијата на саемот CES 2018.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365