Home » Во фокусот » Новата алатка на Linkedin им дава на маркетерите професионални податоци за нивната публика

Новата алатка на Linkedin им дава на маркетерите професионални податоци за нивната публика

Оваа бесплатна алатка би требало да биде достапна на корисниците ширум светот во наредните две седмици

Професионалната мрежа LinkedIn започнува LinkedIn Website Demographics, алатка за известување која ги прикажува професионалните податоци од 500 милиони членови на оваа мрежа, со цел маркетерите да можат да видат кој вид на стручњаци доаѓаат на нивните веб страници.

Ова им овозможува на брендовите да развијат подобро таргетирање и содржина за нивните кампањи, наведуваат од LinkedIn. Одликувајќи се со „едноставен интерфејс“ оваа опција ќе биде достапна на врвот на LinkedIn Campaign Manager, а на корисниците им овозможува филтрирање на посетителите на веб страниците по основ на 8 професионални карактеристики, вклучувајќи:

  • Позиција
  • Индустрија
  • Стаж
  • Функција
  • Компанија
  • Големина на компанијата
  • Локација
  • Држава

Според Sudeep Cherian, директор за глобален маркетинг на производи за LinkedIn Marketing Solutions, ова е прв пат LinkedIn да им овозможи на маркетерите да користат професионални карактеристики од LinkedIn за проверка на сообраќајот на различните делови на нивните веб страници.

Уште повеќе, претставникот од LinkedIn изјави дека Website Demographics е супериорна во однос на другите алатки за анализа, бидејќи им дава на маркетерите „квалитетни податоци од профилите на корисниците на LinkedIn, кои се често поточни, бидекќи корисниците на LinkedIn имаат професионален начин на размислување“.

Website Demographics  исто така, овозможува филтрирање според временскиот опсег, со цел да се има увид дали некоја кампања го зголемила прометот помеѓу посакуваните сегменти на публиката.

Од LinkedIn исто така истакнаа дека алатката Website Demographics овозможува увид истовремено почитувајќи ја приватноста на членовите, бидејќи не се споделуваат информации со помош на кои може де се идентификува поединечна личност, односно само се прикажува процентот на прегледи на страницата, а не вкупниот број на единствени посетители, со цел да се одредат приближните трендови и за де се покаже кој, во поширока смисла, доаѓа на страницата и врши интеракција со брендот.

Website Demographics е бесплатна алатка, би требало да биде достапна на корисниците ширум светот во наредните две седмици.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365