Home » Во фокусот » Објавен B-report 2016 на Marketing Magazin

Објавен B-report 2016 на Marketing Magazin

Словенечкиот Marketing Magazin, го објави своето годишно издание на популарниот B-report во кој ги рангира регионалните агенции и кампањи, резимирајќи го нивниот севкупен учинок во изминатата 2016-та година.

При изработка на B-report-от, Marketing Magazin спроведува годишен преглед на фестивалите на кои настапуваат агенциите од Словенија, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина и го проценува нивното значење во сите релевантни аспекти. Фестивалите и конференциите кои B-report ги опфаќа се: UEPS, Kaktus, Weekend Media Festival, Ideja X, SOF, BalCannes, Outstanding, WEBSI, DIGGIT, SEMPL, Effie Awards, Golden Drum, ADCE, Epica, Eurobest и Cannes Lions. Според системот на рангирање, најважни награди се оние од глобалните фестивали, па следат наградите од европските, регионалните и националните фестивали.

За најнаградувања кампања во регионот во 2016 година е прогласена хрватската “Wing of Love” на агенцијата Imago Ogilvy, додека пак во Македонија, првото место очекувано го освоија агенцијата Saatchi&Saatchi и клиентот Македонски телеком за кампањата Sea Hero Quest.

Повеќе информации за b-report како и ранкингот на агенции, клиенти и кампањи во сите земји од регионот можете да пронајдете на линкот:  http://www.b-report.eu/en/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365