Home » Во фокусот » Објавени главните теми на панелите на NEM 2018

Објавени главните теми на панелите на NEM 2018

NEM 2018, најголемиот собир на телевизиската индустрија во регионот на Централна и Источна Европа, ќе се одржи од 11 до 14 јуни, шестта година по ред во прекрасниот Дубровник. До официјалното отворање на настанот останаа уште само неколку месеци, а деталите од богатата програма на NEM 2018 полека се објавуваат.

На овогодишниот New Europe Market ќе се одржат седум панели, на кои ќе учествуваат ценети и релевантни предавачи и клучни играчи од ТВ-индустријата, а ќе се разговара за корисни и интересни истражувања и презентации. Препознатливите и незаменливи делови од NEM – приватните screening и market простории – се зголемени и модернизирани. Во просториите за приватен screening, ќе бидат прикажани дела од светски и локални продукции. Со тоа, овогодинешниот NEM 2018 става поголем акцент врз содржината која претрпе големи промени во изминатите неколку години во однос на начинот на кој публиката ја доживува телевизијата.

Важноста на NEM 2018 за учесниците ја истакна  Anette Schaefer, потпретседател на TV Business Europe за Дојче Телеком АГ:

“NEM е клучно место за собирање за регионот на Централна и Источна Европа за меѓународна продукција. Не само што ги поврзува производителите и купувачите на содржина, туку тоа е настан на кој клучните играчи во ТВ-индустријата можат да се запознаат со новите бизнис модели и најновите трендови во забавната индустрија.”

Прилично контроверзни теми?

Исто како и просториите за приватен screening, некои панели ќе се фокусираат на локалната продукција и нејзиното значење во поглед на привлекување и задржување на гледачите. NEM 2018 ќе се осврне и на растечката дигитализација и дигиталните содржини. Понатаму, ќе се покрене прашањето за огласувањето на пазарот и како да се постигне рамнотежа помеѓу профитот и задоволството на публиката.

Нешто ново, но секако контроверзно, ќе биде дискусијата за проблемите на пиратство во регионот на Централна и Источна Европа и воопшто, и како може да се подобри оваа непосакувана состојба. Непосредно пред почетокот на Светското фудбалско првенство, на NEM 2018  исто така ќе се разговара и за зголемените цени на спортски ТВ права. Тука е секако и панелот за тоа кое и какво е детското искуството со технологијата.

Основачот на NEM, Сања Божиќ-Љубичиќ, откри што може да очекуваме од годинашното издание на настанот и панелите:

“Секоја година Mediavision го организира NEM, настојувајќи да биде два чекора пред играта што ја играме и работата што најмногу ја сакаме – медиумите. NEM е горд што може на едно место да ги поврзе важните клучни играчи од регионот на Централна и Источна Европа, но исто така и светот, со цел заедно да научиме од нашите сопствени искуства и грешки. Ова го правиме секоја година и очигледно правиме нешто добро, бидејќи сите ние се враќаме за уште повеќе! Добредојдовте на NEM 2018! “

Обезбедете акредитација за NEM 2018

Резервирајте акредитација и сместување на официјалната интернет страница www.neweumarket.com/book-now и подгответе се за најдобрата комбинација за работа и сонце!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365