Home » Во фокусот » Објавени првите информации за Cannes Lions 2019

Објавени првите информации за Cannes Lions 2019

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions и официјално ги започна подготовките за изданието во следната 2019 година, отворајќи ја регистрацијата за делегати и објавувајќи ги првите детали за настанот.

Воведени се две нови награди: Creative Strategy Lion, која ќе се доделува во делот за “Reach” и има за цел да ја истакнува идејата позади идејата, односно како стратешкото планирање може да редефинира еден бренд или бизнис и да влијае врз потрошувачите и пошироката културa; и Entertainment Lion for Sport, која ќе ја слави креативноста на брендовите кои ја искористуваат моќта на спортот. Коментирајќи за воведувањето на новите две награди, Симон Кук, потпретседател на Creative Excellence, истакна: „Овие две награди ги претставуваат поместувањата во индустријата и сега е вистинското време да се даде внимание на овие дисциплини преку нашите награди. Во се’ пообемниот екосистем на креативните комуникации, наградата Creative Strategy Lion ќе ја истакнува важноста на стратегијата во креативните визии, додека пак Entertainment Lion for Sport ќе оддаде почит кон креативните содржини и комуникации кои го обиколуваат овој уникатен глобален пазар.

Исто така е донесена одлука да се повлечи наградата Product Design Lions. Кампањите кои би се пријавиле во оваа категорија сега ќе бидат дел од Design Lions и Innovation Lions.

За прв пат, Cannes Lions ќе назначи „амбасадори“ пред одржувањето на фестивалот. „Деветте оддели – Craft, Communication, Experience, Reach, Impact, Good, Innovation, Health и Entertainment  – се организациска структура која ги претставува и отсликува главните дисциплини кои ја дефинираат глобалната индустрија на креативни комуникации. Назначуваме амбасадори на секој одел кои ќе имаат задача да го подигнат нивото во нивната специфична дисциплина,“ изјави Филип Томас, претседател на Cannes Lions. Амбасадорите на одделите ќе бидат избрани од претседателите на наградните жирија за Cannes Lions 2019.

Објавение беа и некои детали за програмските содржини, при што ќе има различни сесии во рамки на деветте оддели. Општата агенда има за цел да биде поинтерактивна од претходно и да вклучува повеќе студии на случај, прашалници и дебати. Некои од темите кои ќе бидат покриени се: „Ефектот на креативноста“, „Еднаквост, различност и инклузивност“, „Трансформација на индустријата“, „Креативни стратегии“, „Доверба, етика и транспарентност“ и други. Повикот за говорници е отворен до 14 декември 2018 години и ги кани сите оние кои имаат добра идеја или тема да се пријават. Пријавувањето е бесплатно, а изборот се прави врз основа на тоа колку оригинална, уникатна и неочекувана е идејата или темата.

Cannes Lions 2019 ќе се одржи од 17 до 21 јуни во Кан, Франција. Регистрацијата за делегати е отворена и сместувањето веќе може да се резервира. Повеќе информации може да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.canneslions.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365