Владата денеска го објави логото под кое ќе се оддржуваат настаните со кои ќе се одбележи 30-годишнината од независноста на нашата држава.
Портпаролот Душко Арсовски во однос на логото кажа дека на традиционалната црвена основа се обединети симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот код „МК“ и бројката „30“.
Ова логото ќе биде присутно на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и на настаните кои се дел од избраните проекти со кои беа поддржани Агенциите за организирање на настани преку помошта предвидена со петиот пакет антикризни економски мерки.
Избраното решение може да се погледне во продолжение: