Популарниот бренд на кечап Heinz лансираше нова принт кампања со која покажува дека тој е толку препознатлив, што име и лого не му се потребни.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Rethink и вклучува постери кои на црвена позадина прикажуваат слики од храна, обликувана во форма на препознатливото лого на брендот. Изборот на храната е исто така индикативен, прикажувајќи хамбургер, помфрит и хот-фог, јадења кои вообочаено се надополнуваат со прилог на кечап.
Иако на постерите никаде не се директно прикажани името и логото на Heinz, самата форма на храната и присуството на кечап се доволен индикатор за тоа кому му припаѓаат. Сликата е придружена со слоганот: “That has to be []” („Тоа мора да е []“).
„Heinz е оригинаторот. Тој е Кечапот. Порано годинава, ние ја лансиравме кампањата „Нацртај кечап“, во која анонимно побаравме од повеќе луѓе едноставно да нацртаат кечап. Она што го видовме во повеќе наврати е дека луѓето го цртаа иконичното шише на Heinz. Таа интуитивна асоцијација со логот на Heinz го кристализираше нашиот пристап во оваа кампања,“ објаснува Даниел Готлиб, помошник-директор за бренд и иновации во KraftHeinz.