Home » Во фокусот » „Траги“ (од одлична кампања) на белградските улици

„Траги“ (од одлична кампања) на белградските улици

На 120 локации низ Белград, на рекламни паноа, се претставени плакати во рамките на кампањата „Траги“, на Автономниот женски центар, во кои трагите од насилство спрема жените се навидум претставени како уметничко дело.

Со пораката на кампањата дека „не е секое дело уметничко дело“, оваа организација порачува дека повеќето извршители на кривичното дело насилство спрема жените се и понатаму на слобода.

Според официјалната статистика на обвинителството на Србија за 2014 година, помалку од  7% извршители  обвинети за кривично дело насилство во семејството се осудени на ефективна затворска казна, додека половина од вкупниот број на сите поднесени кривични пријави се отфрлени од страна на обвинителството во Србија.

„Со кампањата сакаме да го привлечеме вниманието на јавноста и на надлежните институции, а пред се`на правосудните, дека казните за насилниците и понатаму се недопустливо ниски. На ова укажува и последниот извештај на Комитетот за елиминација на дискриминација на жените (CEDAW) на ООН во кој е укажано дека Србија мора да „осигура ефикасна истрага во случаите на насилство спрема жените и да ги процесуира и казни наслилниците со санкции кои се сразмерни со тежината на делото“, истакна Бобана Мацановиќ од Автономен женски центар.

Кампањата „Траги“ ја започна Автономниот женски центар во соработка со маркетинг агенцијата Leo Burnett и outdoor компанијата Alma Quattro.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365