Home » Во фокусот » Одлична соработка помеѓу Polleo Sport и македонските ѕвезди за влез на македонскот пазар

Одлична соработка помеѓу Polleo Sport и македонските ѕвезди за влез на македонскот пазар

Еден од регионалните лидери во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport, пред два месеци ја отвори својата прва продавница во Македонија, а после само еден месец ја отвори и својата втора продавница. Компанијата при самото влегување на македонскиот пазар најави дека во периодот од наредните 3 години ќе отвори 10-ина продажни места низ цела Македонија.

Polleo Sport е препознатлив по големиот избор на премиум брендови кои ги донесе на своите полици од областа на био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки. Благодарение на одличната кампања на агенцијата за односи со јавност и маркетинг Why Not Communications, овој бренд многу брзо го препознаа многумина, меѓу кои и наши познати личности од светот на спортот и шоу бизнисот кои го практикуваат здравиот начин на живот и станаа бренд амбасадори на Polleo Sport.

Заштитно лице на овој бренд во Македонија е Елена Ристеска, а помеѓу амбасадорите се и нашиот ракометар Дејан Манасков, фудбалерот Дарко Глишиќ, рекордерот во пливање Мартин Стефановски, победникот на Големиот брат и атлетичар Дарко Петковски – Спејко, водителките Милена Антовска и Јелена Спенџарска, професионалниот фитнес тренер Марио Јовановски – Марио Фит, уличните вежбачи Бар Гладијаторс, како и пилатес инструкторката Јасна Лековска – Тринити.

Elena 1

Според Елена Ристеска здравиот начин на живот е нешто што треба да се практикува секојдневно.

Здравиот начин на живот нѝ дава можност да го извадиме максимумот од нашето тело и ум. Кога еднаш ќе ја искусите енергијата која доаѓа со редовна физичка активност и здрава исхрана, сакате тоа чувство да трае. Токму заради тоа уживам во соработката со Polleo Sport и бренд амбасадорите – духот на тимот ми дава уште поголем мотив да се активирам во улога на моето здравје, а висококвалитетната спортска опрема и суплементите ми помагаат да го извадам максимумот од секоја физичка активност. ” – изјави Елена Ристеска – заштитно лице на Polleo Sport во Македонија.

Марио Јовановски, фитнес тренер и сопственик на www.MarioFit.net вели дека секој спортист сонува да биде дел од ваков прокт и бренд.

Mario

Сон на секој кој посериозно се занимава со спорт e да соработува и да биде поддржан од професионалци од областа на спортските суплементи. Токму од таа причина, огромна чест ми е што сум еден од неколкуте бренд амбасадори на “Polleo Sport”, водич во областа на спортските суплементи во регионот. “Polleo Sport” е местото каде што може да ги најдете најквалитетните суплементи и најголемиот избор на пазарот. Како активен спортист кој се занимава со фитнес, покрај перфектно урамнетежениот режим на исхрана според целта на која активно работам и секојдневното интензивно тренирање, суплементите секогаш ми помагаат побрзо да го постигнам она кон кое што се стремам.” – изјави Марио.

Кампањата која се води е “Живееме здраво”, а според агенцијата огромен е бројот на луѓе кои ја поддржуваат оваа навика.

Идејата и концептот на соработката помеѓу Polleo Sport и овие бренд амбасадори е спојување на различни типови луѓе кои сакаат и знаат да живеат здраво. Амбасадорите се избрани токму заради нивниот начин на живот кој е активен и спортски. Помеѓу нив има професионални спортисти, но и луѓе кои се успешни во други области, на кои спортот им е рекреација. Идејата е да покажеме дека секој од нас може да води активен и здрав живот, дека е само прашање на желба. Најчестиот изговор за неактивност кај луѓето е недостатокот на време, а ние преку кампањите на Polleo Sport сакаме да го побиеме. Сите имаме барем еден час во денот кој сами избираме како ќе го потрошиме – па зошто тој час да не го потрошиме во подобрување на нашето здравје и изглед? “ – изјавија од Why Not Communications.

Во продолжение е и  видеото од отворањето на втората продавница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365