Home » Во фокусот » Одлично илустрирани билборди по повод 30 годишнината на Мекдоналдс

Одлично илустрирани билборди по повод 30 годишнината на Мекдоналдс

Играта со светлина на овие билборди ги промовира најпознатите производи на брендот

Мекдоналдс имаше некои одлични кампањи на билборди во својата историја, а сега додадоа уште една кампања во тоа наследство. Овој гигант во индустријата за брза храна работи во Унгарија од 1988 година и ја одбележа својата 30-годишнината со едноставна нова кампања изработена од агенцијата DDB во Будимпешта.

Кампањата се потпира на само два билборди кои ги илустрираат најпознатите и најпрепознатливи производи на брендот со одлични визуели поставени на  најпрометните улици во близина на Мекдоналдс рестораните.

Илустрациите се изработени во Gravy студио и имитираат фотографии со долга експозиција, каде светлата на автомобилите формираат визуели на хамбургери и помфрит.

“Ги промовираме овие производи во текот на целата година во Унгарија, бидејќи ова е 30-годишнината од Мекдоналдс овде (првиот ресторан е отворен во Будимпешта во 1988 година),” објасни Каролина Галац, креативен директор на DDB во Будимпешта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365