Home » Во фокусот » Однесувањата на Инстаграм претворени во физички производи кои се продаваат од вендинг машини

Однесувањата на Инстаграм претворени во физички производи кои се продаваат од вендинг машини

Во оваа духовита активација за документарецот ‘Social Animals’, агенцијата Conscious Minds создаде неколку  вендинг машини со прилично необична понуда

Кампањата која овие денови се споведува во Калифорнија, фрла светло на Инстаграм културата, така што некои однесувања поврзани со оваа платформа ги трансформира во физички производи, а потоа ги продава преку вендинг машини.

Кампањата, спроведена од агенцијата Conscious Minds, ја промовира премиерата на документарниот филм на оваа агенција кој се занимава со темата на социјалните медиуми, „Social Animals“. За таа цел, агенцијата постави неколку вендинг машини, кои им овозможуваат на корисниците да купат малку необични и бесмислени производи со тематика која се врти околу оваа социјална мрежа, па тука се наоѓаат пакети со илјада лајкови, “Thumb Spa” за релаксирање на прстите по долготрајното скролање, колачиња „Food Porn Star“ и слично.

Според режисерот на филмот “Социјални животни” и партнер во агенција Conscious Minds, Џонатан Игнатиус Грин, вендинг машините нудат сатирична поврзаност со документарниот филм, кој дава брутално искрен поглед во секојдневниот живот на тројца тинејџери, чии профили на Инстаграм трајно ги промениле нивните животи.

Сите приходи од вендинг машините и онлајн продавниците кои ги продаваат истите производи ќе бидат донирани на непрофитна организација Reboot&Recover, посветена на подигање на свеста и третман на проблемот на дигитална зависност и ментално здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365