Play Media Day 02, настан којшто го организира агенцијата Play Team на 19 мај оваа година во Бања Лука, на својата листа на говорници го стави и Влатко Димовски, главен оперативен директор за земјите од јадранскиот регион во рамките на I&F McCann Grupа, кој ќе одржи предавање на тема „Just Married – The Honeymoon is Over“.
Односот агенција и клиент, може да се спореди со бракот помеѓу двајца луѓе, затоа што и едниот и другиот однос бара најпрвин „додворување“, потоа почитување, разбирање, трпение и многу компромиси. Истовремено, просечната соработка помеѓу агенцијата и клиентот, како и просечниот модерен брак, има се` пократок век на траење и се повеќе предизвици пред себе. За одржувањето на односите успешни и свежи, за чувањето на бракот од предизвиците, негувањето на пеперутките до златната годишнина, што навистина значи кога се заветуваме „и во добро и во зло“, и како изгледа првиот ден после медениот месец? На овие и на други сложени прашања на универзумот, ќе се обиде да одговори „брачниот советник“ Влатко Димовски.
Влатко Димовски е веќе 20 години во адвертајзинг бизнисот. Во McCann Скопје доаѓа како графички дизајнер, во време кога маркетинг бизнисот во Македонија сеуште беше на самиот зачеток, а 16 години подоцна е на позицијата главен оперативен директор за земјите од јадранскиот регион во рамките на I&F McCann Група, одговорен за пазарите во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија. Прв го донесе златниот кански лав на Балканот, а од тогаш до денес стои зад многубројни регионални и меѓународни награди од областа на креативната индустрија. Соработник и партнер е со повеќе од 200 клиенти во текот на изминатите 20 години и затоа е одличен соговорник за брачни и клиентски прашања.
За повеќе имформации за Play Media Day настанот, посетете ја страницата: playmediaday.com.