Home » Во фокусот » Оглас на Кока-Кола кој можат да го видат само 5% од луѓето

Оглас на Кока-Кола кој можат да го видат само 5% од луѓето

Агенција Essencius неодамна во Данска ја стартуваше кампањата за Coca-Cola Life, чиј слоган можат да го видат само 5% од популацијата.

Слоганот е скриен во т.н. “Ishihara pictures“, слики во форма на круг во различни бои со кои се проверува далтонизмот. Обичните минувачи во сликите гледаат само зелени и смеѓи кругови, но оние кои се далтонисти во овие слики го гледаат зборот “Life“. Според истражувањето на локалната агенција, необичната слика може да ја видат само 5% од населението во светот.

coca cola life

Секако, оваа кампања за која пишуваме еве дури и во Македонија, со својот невообичан пристап и “пре-екстензивно“ таргетирање привлекува голем публицитет низ целиот свет и е одличен пример како да се направи buzz околу активност која самата по себе нема да има голема директна публика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365