Home » Огласи за Маркетинг/ПР работа » Оглас за вработување на специјалист за социјални медиуми

Оглас за вработување на специјалист за социјални медиуми

R3 Infomedia вработува специјалист за социјални медиуми.

Опис на работни обврски и одговорности:

  • Давање идеи и креирање концепти за промоција преку социјални медиуми за 2 бренда: Златна Книга и MarketKonekt.com;
  • Развивање, менаџирање, изведба и оптимизирање на кампањи за промоција на социјални медиуми;
  • Креирање на неделни комуникациски планови, дигитална содржина и менаџирање на сите соодветни активности;
  • Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи;
  • Стекнување на нови корисници на веб страните и нивна конверзија во редовни корисници;
  • Мерење на резултати, нивна интерпретација и анализа за извештаи кон претпоставени;
  • Работа со внатрешни тимови за подобри резултати.

Потребни квалификации и вештини:

  • Кандидатот мора да има најмалку 1 година професионално работно искуство во промоција преку социјални медиуми;
  • Одлично познавање на Facebook, Twitter, Instagram и Pinterest;
  • Базично познавање на Adobe Photoshop или Ilustrator;
  • Напредно искуство со Google Analytics;
  • Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми;
  • Пасија за онлајн маркетинг, нови технологии и трендови во веб светот;
  • Одлично позанавање на англиски јазик.

ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365