Home » Во фокусот » Огласувачите во Велика Британија разочарани од Фејсбук, се враќаат на печатените медиуми

Огласувачите во Велика Британија разочарани од Фејсбук, се враќаат на печатените медиуми

Печатените медиуми во Велика Британија забележаа пораст во приходите од рекламирање за прв пат од 2010 година, а како објаснивање се навдува незадоволството од однесувањето на некои технолошки компании

Огласувањето во печатените медиуми, заедно со радио и телевизијата, е во пад веќе многу години, додека огласувачите истовремено се` повеќе се свртуваат кон онлајн-медиумите. Но, на почетокот на оваа година, беше забележан интересен пресврт на овој тренд во Велика Британија. Имено, во првиот квартал од 2018 година, инвестициите во огласувањето во печатените медиуми се зголеми за 1% (во износ од 153 милиони фунти)  и тоа е првиот квартал од крајот на 2010 година овој индикатор да е “во плус”.

Во последните 29 тромесечја, падот во огласувањето во печатените медиуми во Велика Британија изнесуваше и до 22%. Најголем пораст бележат изданијата на Сан, Дејли Мирор, Дејли Мејл, Дејли Експрес и Метро, ​​со вкупен раст на приходите од огласување во првите три месеци од 2,8%, според истражувањето на организацијата Advertising Association. “Сериозните” весници, како што Тајмс, Телеграф, Фајненшл тајмс и Гардијан белажат пад од 0.3%,  што е најдобар резултат во последните седум години.

Како причина за овие промени во студијата се наведува мислењето дека некои компании во изминатите години премногу вложувале за онлајн огласи, а некои од големите огласувачи се разочарани со настаните околу технолошките компании, пред се`Фејсбук, па тие одлучија да инвестираат помалку во тој канал на огласување.

Некои од нив, исто така, одлучија да плаќаат помалку за огласи на Google, бидејќи ниту оваа компанија не одржа висок стандард кога станува збор за елиминирање на говорот на омраза и лажните вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365