Home » Во фокусот » Огромен билборд во Лондон кој ги препознава возилата и минувачите и сервира реклами наменети за нив

Огромен билборд во Лондон кој ги препознава возилата и минувачите и сервира реклами наменети за нив

Голем и сјаен билборд на лондонскиот Пикадили Циркус се придружува на трендот на дигиталните паноа кој ги препознава минувачите и возилата, а потоа сервира реклами наменети токму за нив.

Дигиталниот LED дисплеј, во величина од околу 270 метри квадратни, е делив на шест посебни  делови за реклами и има приказ од 11 милиони пиксели, пишува магазинот Wired U.K., што го прави најголем од овај вид во Европа. Вградените камери ќе ги анализира возилата кои се приближуваат – по бренд, модел и боја – а потоа се сервираат однапред програмирани реклами наменети за лицата кои се наоѓаат во возилата.

Билбордот исто така, ќе има способност да ги одреди „полот, возрасната група, па дури и емоциите“ на минувачите, и ќе испорачува целни рекламни содржини, тврдат од компанијата Landsec која ќе управува со билбордот. Од компанијата, исто така изјавија дека нема да собираат ниту да складираат никакви лични податоци на минувачите.

Coca-Cola, Hyundai, Samsung и L’Oreal ќе бидат меѓу првите огласувачи на новиот екран, иако се уште не е јасно како ќе се користи технологијата на препознавање.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365