Home » Во фокусот » Огромната ПР моќ на “Game of Thrones”

Огромната ПР моќ на “Game of Thrones”

“Game of Thrones” стана културен феномен уште од своето прво емитување во 2011. Година по година, продолжува да руши рекорди. Фановите ‘проповедаат’ и носат нови гледачи, а новинарите ја ‘зачинуваат’ секоја сезона со нови анализи на приказната, фан-теории и рекапитулации.

Сите знаеме дека медиумската покриеност која ја има “Game of Thrones” е голема, но колку голема? Љубопитноста на тимот на Шон Куч, content marketing директор на TrendKite, беше причината за откритието на тоа колку навистина огромен прераснал брендот “Game of Thrones” во изминатите пет години.

Тие ги споредиле прес текстовите за шестата сезона на “Game of Thrones” во однос на другите популарни серии и откриле дека медиската моќ позади “Game of Thrones” е огромна. Серијата беше споредена со “The Big Bang Theory” (најгледаната телевизиска серија за 2015 со просечно 21,065,000 гледачи) и “House of Cards” (најпопуларната Netflix серија и онлајн стримуван контент).

Резултатите би предизвикале завист или восхит кај ПР профеионалците, гледајќи врз медиското ‘чудовиште’ во кое има прераснато “Game of Thrones”. Целосниот интерактивен ПР извештај на TrendKite можете да го погледнете тука.

Еве и еден инфографик со најважните заклучоци од истражувањето:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365