Home » Во фокусот » Социјален експеримент на Heineken

Социјален експеримент на Heineken

Спотот за најновиот проект на Heineken- наречен “Worlds Apart”, цели кон пронаоѓање на заедничко разбирање помеѓу луѓето кои имаат различни ставови и води кон тоа да бидат поотворени едни кон други. Креиран од страна на Publicis London, “социјалниот експеримент” здружува два странци во реалниот живот кои се среќаваат еден со друг за прв пат и се поделени во нивните верувања.

Во заедничкиот проект на пиварницата и непрофитната организација The Human Library, реални луѓе со различни погледи на светот се среќаваат за прв пат. На секој пар даден му е мебел на расклопување (во стил на IKEA) во еден бар и прашалник кој треба да го комплетираат заедно. Потоа парот гледа краток филм со мислењето на својот партнер кое се разликува од неговото. А потоа настапува тишина …
На секој од учесниците му се дава избор: да оди, или да остане во барот и да дискутира околу различностите на ‘’по едно пиво.’’
Секој од паровите избира да разговара на начин на кој го почитува соговорникот придружен со голтка-две Heineken се разбира.

 

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365