Home » Digital » OnAir платформата за учење објавува 4 конкурси за онлајн курсеви во живо

OnAir платформата за учење објавува 4 конкурси за онлајн курсеви во живо

Пазарот на е-учење има потреба од нова содржина и мотивирани предавачи. Пополни ја кратката форма за апликација и ќе имаш можност да ја развиеш твојата идеја во OnAir курс на Teach.Xplorify. Победниците ќе добијат парична награда и пласман на пазарот за е-учење.

Првите 4 конкурси за онлајн курсеви на Teach.Xplorify се: конкурс на отворена тема, After effects CC, Java 8 и React.js и се активни до 1 декември 2017 година. Курсевите ќе се одржуваат на англиски или германски јазик.

Пазарот на е-учење е во постојан раст каде сѐ повеќе луѓе ги унапредуваат своите вештини со едукација во виртуелни училници. Ова отвара побарувачка за професионалци кои сакаат да го споделат своето знаење и да ја искористат модерната технологија за одржување на онлајн предавања во живо.

“Ако си дипломиран професор или едноставно индивидуа која има знаење во одредена област, ова е твојата шанса да го претвориш знаењето и искуството во OnAir курс. Најуспешните курсеви ќе добијат парична награда и ќе бидат пласирани на пазарот за е-учење.” објаснува Горан Јованов, основач на Xplorify GmbH.

Teach.Xplorify е дел од стартап проектот xplorify.net и се базира на концептот на е-учење каде учениците и предавачот се во директна комуникација во споделена виртуелна училница.

Како победник на конкурс, твојата идеја ќе биде развиена во OnAir курс кој ќе го предаваш на заинтересираните ученици. Победничките курсеви ќе добијат и соодветна маркетинг кампања.

Презентирај ја твојата идеја за курс преку пополнување на формата за апликација.

За компанијата

Xplorify е стартап базиран на концептот на онлајн кумуникација во живо во форма на OnAir курсеви. Последниот продукт кој го развиваат е платформа за онлајн туторинг сесии чијшто пласман на пазарот е планиран за крајот на октомври 2017 година. Туторинг платформата содржи виртуелна училница и дозволува директна комуникација помеѓу туторот и учениците и го прави учењето забавно и лесно.

Следете ги новостите на профилите на their Facebook, Twitter и LinkedIn

Ако ви требаат повеќе информации, исконтактирајте го Xplorify тимот на contact@xplorify.net.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365