Специјалната комисија за разузнавање на американскиот Сенат најави дека на 27 јуни ќе декласифицира информации поврзани со „напредните воздушни закани“ (нов термин за неидентификувани летечки објекти), потенцијално откривајќи тајни за кои ентузијастите во научната фантастика досега само сонувале.
По тој повод, популарниот бренд на колачиња Oreo лансираше специјално лимитирано пакување со кое треба да се испрати пријателска порака до вонземјаните и да се заштити планетата од потенцијално уништување, бидејќи кој не би сакал да биде топло пречекан со колачиња и млеко!?
Кампањата беше најавена со видео спот во кој гледаме како двајца претставници на Oreo ги чекаат вонземјаните во едно житно поле во Канзас, САД, каде е исцртан „житен круг“ во форма на Oreo колаче.
Брендот исто така подели околу 3,000 парчиња од новото пакување, бесплатно преку својот веб-сајт. Како што стои во инструкциите на самото пакување, добитниците треба исто така да испратат топло добредојде кон вонземјаните, така што пакувањето ќе го постават „со јасен поглед кон отвореното небо“. Сличко како да го пречекуваат Дедо Мраз, но овој пат со поголема космичка важност.
„Без разлика дали верувате во неидентификувани летечки објекти или не, неспорно е дека посебните врски се формират околу колачето број 1 на планетата Земја и чаша млеко! Со нашето Oreo, спремни сме да пречекаме кои било животни форми кои се таму некаде,“ истакнува Олимпија Портејл, постар бренд мнаџер во Oreo.