Home » Digital » Острите мерки на Google може да се доволни за да ги запрат мобилните pop-up реклами

Острите мерки на Google може да се доволни за да ги запрат мобилните pop-up реклами

https-%2F%2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com%2Fuploads%2Fcard%2Fimage%2F188138%2FGettyImages-586900306

Веб страни со мобилни pop-up прозорци, внимавајте!

Google постави рестрикција на нападните pop-up реклами, со тоа што кога пребарувате за одредена веб страна која има pop-up, таа нема да се прикажува или нема да има доволно резултати за истата, изјави неодамна компанијата.

Било која веб страна која прикажува pop-up прозорци што ја прикриваат содржината – без разлика дали е тоа во моментот кога корисникот ќе пристапи до веб страната или во меѓувреме додека чита – ќе биде пониско рангирана на Google при пребарување на резултати за истата.

Пребарувачот на Google опслужува милиони корисници секојдневно кои пристапуваат на една страна која ги води преку линкови до друга, правејќи го моќна алатка која привлекува корисници. А, со тоа многу корисници се потпираат на овој интернет сообраќај комбиниран со рекламни екрани, некогаш во форма на pop-up прозорци.
Сега, Google ги притисна сопствениците на веб страни да изберат помеѓу повисок ранг за својот сајт или користење на досадни (но профитабилни) реклами.

https-%2F%2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com%2Fuploads%2Fcard%2Fimage%2F188133%2FScreen_Shot_2016-08-23_at_3.14.02_PM
Pop-up прозорците кои се дел од законската обврска – да ја верифицираат возраста на корисникот и да информираат за користење на т.н “колачиња“ , нема да се рачунаат и да бидат казнети.
Промените во пребарување за резултати по ранг (SEO) ќе станат важечки од 10ти Јануари 2017 година.

Новите правила се применуваат специјално за мобилни, каде што рекламите се повеќе проблематични, поради прикажувањето на помали екрани.
“Многу издавачи користат pop-up реклами, кои бараат од корисникот да одговори на прашање, или да прескокни некој чекор па да премине кон главната страница или да скролаат надолу за да да се тргне реклама која го зафаќа половина екран на десктоп и мобилен уред.Тоа е нешто што на корисниците не им се допаѓа, па наша обврска е да ја почитуваме нивната воља“ 

Иако, од стотици тоа е само еден фактор меѓу сите кои може да го условат рангирањето на страната (SEO), важно е што Google смета дека тоа ќе биде доволна причина за обесхрабрување на огласувачите и искоренување на оваа практика.

Заради зголеменото користење на социјалните медиуми кои одземаат повеќе време на корисниците што користат смарт телефони, Google се обидува да ги направи мобилните искуства што подобри. “Accelerated Mobile Pages Project” го проба овој модел прв, со тоа што го започна процесот на отстранува на страници со цел пребарувањето да стане побрзо и поедноставно. Слично на инстант артиклите на Facebook.
Google исто така ја отстрани етикетата која покажуваше дека страната е “mobile-friendly“ или прилагодена за приказ преку мобилен, бидејќи над 85 проценти од вкупниот број страни веќе ја поддржуваат оваа алатка.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365