Home » Во фокусот » Осврт на една од најсимпатичните кампањи оваа година во Кан наречена „Portraits Completed“

Осврт на една од најсимпатичните кампањи оваа година во Кан наречена „Portraits Completed“

Уметноста во последно време беше инспирација за бројни извонредни реклами, вклучувајќи ги и минатогодишните освојувачи на Гранд При на Cannes Lions фестивалот „Van Gogh Bnb“ и „The Next Rembrandt“. Ogilvy Chicago ја продолжи таа традиција и во 2017 година со разиграна и симпатична кампања за Kiwi кремата за чевли, во која агенцијата ја замисли, а потоа и ја наслика долната половина на познатите ликовни дела – со цел да ги покаже чевлите на личностите на овие славни портрети.

Кампањата  „Portraits Completed“ оваа недела освои златен и бронзен лав во категоријата Print & Publishing на фестивалот во Кан. Но, кампањата отиде подалеку од навистина одличната кампања во печатот.

Имено, Ogilvy организира и изложба на слики, со хумористичен аудио турнеја која овозможи исцрпни и точни информации од историјата на уметноста, но исто така и многу вешто го вметна брендот во наративот. Агенцијата исто така соработуваше и со музејската апликација која го реплицираше искуството по пат на проширена реалност. Сето тоа помогна кампањата да освои и сребен лав и два бронзени во категоријата Outdoor.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365