Home » Во фокусот » Осврт на уште една кампања која доминира годинава во Кан

Осврт на уште една кампања која доминира годинава во Кан

Лажната инстаграм инфлуенсерка до сега собра дури 17 лавови

После пет денови натпреварување, кампањата „Like My Addiction (Louise Delage)“ која за организацијата Addict Aide ја направи агенцијата BETC Париз, е една од најзначајните кампањи на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions.

Оваа кампања е базирана на лажен Инстаграм профил кој за кратко време собра многу следачи, а која на крај изненади со моќна порака за тоа колку е тешко да се забележи зависноста кај вашите најдраги, до сега заработи 17 лавови (5 златни, 7 сребрени и 5 бронзени ) во пет различни категории: PR, Promo & Activation, Cyber, Direct и Mobile.

Севкупно најуспешни кампањи во Кан до вчера беа #MeetGraham (22 лавови), #LouiseDelage (17 лавови) и #Fearless Girl (13 лавови).

Ова се чини дека го открива првиот тренд помеѓу добитниците на наградите во 2017 година, каде што брендовите  и организациите создаваат измислени ликови со цел да испратат порака и иницираат движења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365