Објавен е правилникот на натпреварувањето, а меѓу сјајните награди и бројните новости со кои BalCannes ќе ги истакне генијалноста и најдобрите во регионалната комуникациска индустрија, особено се истакнува најавата за новиот BalCannes Report – преглед на состојбата во регионот, кој што ќе се објавува на годишно ниво со листа на најдобрите и ќе биде достапен за сите на пазарот.
Во полн ек се подготовките за новото издание на BalCannes – по десет години обединување на нашите пазари, сега повторно ги отвора вратите за нив, а најдобрите проекти, агенции и огласувачи ќе бидат прогласени под рефлекторите на големата сала на фестивалот Dani Komunikacija! Новостите не завршуваат тука – официјално е достапен правилникот на натпреварувањето, кое овој пат ќе блесне во поконкурентно светло и ќе ја дефинира комуникациската индустрија на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, славејќи ги најдобрите и најоригиналните во регионот.
„Сите сме ние BalCannes! А новото поглавје на BalCannes треба да ја задоволи потребата на колегите од регионот, како во агенциите, така и меѓу огласувачите, за подобро познавање на креативноста што ја нуди регионот и движењата на поединечните пазари. Што е најважно, BalCannes останува BalCannes – продолжува да го инспирира и обединува регионот, затоа придружете ни се и покажете дека сте најдобри“ – порача Дамир Циглар, член на Организациониот одбор за Dana komunikacija и еден од иницијаторите на ова натпреварување.
BalCannes Report ќе понуди свежи податоци за пазарите
Правилникот нуди увид во значајните промени во концептот на натпреварувањето, а една од најголемите новини е BalCannes Report, преглед на состојбите во регионот според BalCannes, кој ќе се објавува на годишно ниво со листа на најдобрите и ќе биде достапен за сите. На крајот од натпреварувањето, анализата на резултатите и освоените бодови во овој сеопфатен извештај ќе покаже кои биле најдобри на BalCannes според голем број критериуми – имајќи ги предвид земјите на натпреварувачите, категориите, проектите, агенциите, огласувачите, различните перспективи на жирито итн.
Спектар на категории на деловна активност
Натпреварувачките проекти ќе се оценуваат и наградуваат според деловните категории во кои вообичаено конкурираат на пазарот: од храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци, телекомуникациски услуги, здравје и фармација до категориите Разно и Општествена одговорност, кои ќе ги слават општествените акции и моќта на креативноста во служба на позитивните промени во светот – на апликантите ќе бидат достапни дури 13 категории. Во секоја од нив ќе може да се освои златна, сребрена или бронзена награда, а за најдобрите проекти ќе одлучува жири составено од професионалци од редовите на агенциите и клиентите. Специјално жири ќе биде составено од претставници на водечките професионални медиуми во регионот со специјализиран пристап и ќе го награди најдобриот проект според нивните критериуми со награда која ќе го истакне избраниот проект во BalCannes Report – BalCannes Editor’s Pick Award!
На натпреварувањето може да ги пријавите Вашите целовити, интегрирани кампањи, но и индивидуални, уникатни делови во рамките на кампањата кои претставуваат една идеја што сте ја имплементирале во текот на двегодишниот квалификациски период од 20 август 2020 година до 20 ноември 2022 година.
Воодушевете го регионот, учеството е лесно
Сите оние кои се подготвени да ги пријават своите најдобри креативнни дела до водечките експерти во регионот – и да се замислат себеси во центарот на вниманието со громогласниот аплауз од регионот и заслуженото признание за нивните напори и извонредност – се поканети да ги исполираат своите пријави бидејќи BalCannes се враќа за повторно да ја обедини регионалната комуникациска индустрија и да ја истакне нејзината генијалност.
Формуларот за пријавување е едноставен, а сите информации се достапни на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.