Во овие неизвесни и преломни периоди кога сè се менува на начин на кој не сме ни можеле да замислиме, поважно од кога било е да работиме заедно за да ги истакнеме и наградиме проектите, компаниите и спортските организации кои најдобро се снајдоа во оваа ситуација, научиле нешто од тоа, а можеби дури и помогнале некому.
Затоа оваа година традиционално се отворени пријавите за наградите СПОРТО, кои секоја година ги наградуваат најдобрите примери на добра пракса во областа на спонзорството, (дигиталната) комуникација и маркетингот во спортот во Словенија и земјите од регионот. Изборот на најдобрите практики за маркетинг од светот на спортот и спонзорствата се одвива во рамките на меѓународната СПОРТО конференцијa, која ќе се одржи на 21 и 22 јануари 2021 година, за прв пат во виртуелен облик.
Наградите СПОРТО се одлична можност за брендовите, носителите на права и агенциите да добијат професионално признание во сектор кој постојано се развива, а најдобрите спонзорски проекти добиваат влезница за пан-европското натпреварување „ESA Best of Europe“.
Поднесените проекти ќе бидат оценувани од меѓународно жири со кое претседава претставник на Европската асоцијација на спонзори, а оваа година меѓу членовите ќе бидат и многу други реномирани експерти од светот на маркетингот, спонзорството и дигиталната комуникација.
Меѓународен партнер на СПОРТО наградите е Европската асоцијација на спонзори (ЕСА), а во Словенија Здружението за маркетинг на Словенија. Сите информации и упатства за пријавите се достапни на веб-страницата SPORTO Awards.
Пријавите ќе бидат отворени до 27 ноември, а цената за котизацијата за СПОРТО наградите изнесува 150 ЕУР + ДДВ.