Регионалната ревија на рекламни агенции BalCannes овој септември по четври пат ќе се оддржи како дел од Weekend Media Fesival-от во Ровињ, Хрватска. Поканети да учествуваат и така да се претстават на овој најголем преглед на агенциските пазари во регионот се сите маркетинг агенции од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија и Хрватска.
Агенциите можат да ги пријават своите најквалитетни проекти во облик на триминутни видеа во една од 10-те категории (храна, пијалоци, роба за широка потрошувачка, финансиски и осгурителни услуги, телекомуникациски услуги, транспорт и авто-мото индустрија, хуманитарни кампањи и општествени акции и корпоративен имиџ, нискобуџетни кампањи и разно) се до 10-ти септември.
Сите пријавени проекти ќе бидат прикажани во склоп на screening програмата на WMF, а во текот на целата година ќе бидат достапни на BalCannes Yellow Pages страницата. Иако BalCannes не е од натпреварувачки карактер, 25-те најинтересни проекти, претставниците на агенциите ќе можат дополнително да ги претстават во петминутна презентација во главната сала на Викенд Медиа Фестивалот во ударен термин.
За 25-те најинтересни проекти со гласање ќе одлучи жири составено од медиуми од регионот кои се специјализирани за рекламната индустрија, според оригиналноста на идејата, квалитетот на нејзината изведба и пазарниот успех.
BalCannes на огласувачите им овозможува одлична прилика за увид во најдобрите агенциски проекти и е корисна алатка во процесот на избор на агенција која ќе им овозможи најдобра маркетинг поддршка, додека истовремено на агенциите им е и единствена прилика за да се дознат што се случува надвор од нивните граници.
Организаторите на BalCannes, Хрватското здружение на агенции за деловно комуницирање (ХУРА) и Викенд Медиа Фестивалот оваа година очекуваат да го надминат минатогодишниот рекорден резултат во бројот на пријави, и така да ги презентираат навистина најдобрите од најдобрите на регионалниот пазар.
На 8-от WMF , кој се оддржива од 24 до 27 септември, под покровителство на Adris групацијата, се очекуваат околу 4000 посетители од сите земји од регионот и другите европски земји.
Повеќе за BalCannes и начинот за пријавување можете да прочитате на ОВОЈ ЛИНК.