Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ги повикува сите млади креативци да се пријават за натпреварот Young Drummers 2026, кој оваа година ќе се реализира во соработка со еден од најнаградуваните брендови на фестивалот – Mastercard Slovenia.
Сцената е подготвена за амбициозни млади таленти од целиот свет – визионерски креативци под 30 години, со смели идеи, впечатливи вештини и желба да остават силен впечаток во индустријата.
Годинешниот креативен бриф – „World. One Tap Away.“, ги повикува учесниците да дизајнираат постер или серија постери, проследени со кратко писмено објаснување на идејата. Целта е креативно да се прикаже едноставното и беспрекорно искуство на плаќање со Mastercard преку граници – каде светот навистина е на дофат со еден допир.
Покажете го својот талент, натпреварувајте се за награда од 1.000 евра и станете дел од искуството на Golden Drum.
Брифот е веќе достапен – разгледајте го внимателно и започнете со креирање!
Карл Евалд Јанерфелт ќе претседава со жирито на Young Drummers
„Никогаш не било поважно да ја осигуриме иднината на нашата индустрија преку откривање, поддршка и афирмирање на младите таленти. Во време кога пејзажот се менува побрзо од кога било, а предизвиците стануваат сè покомплексни, ни се потребни нова енергија, нова храброст и нови начини на размислување. Во својата најдобра форма, Young Drummers е токму тоа – платформа каде младите креативци можат да се предизвикаат себеси, да ги преиспитаат конвенциите и да започнат да ја обликуваат иднината на индустријата.
Чест ми е што ја преземам улогата претседател на жирито за Young Drummers на Golden Drum. Заедно со останатите членови на жирито, со нетрпение очекувам да откриеме дела што се смели, неочекувани и искрено возбудливи – идеи што не само што ја одразуваат сегашноста, туку и насоката во која се движиме“ – посочува Карл Евалд Јанерфелт, креативен директор на Rocket-Science од Шведска.
Претставување на жирито на Young Drummers
Под водство на претседателот на жирито, Карл Евалд Јанерфелт, жирито на Young Drummers ќе работи заеднички со цел да ги препознае и истакне младите таленти од целиот свет.
Членови на жирито се:
- Жофија Ердеи, креативна директорка, Dentsu Creative Budapest, Унгарија
- Јежи Холуб, потпретседател за маркетинг и комуникации, Mastercard, Полска, Чешка и Словачка
- Стела Стојанова, арт директорка, HUMAN, Бугарија
- Матијас Пискерник, генерален креативен директор, Wien Nord Serviceplan, Австрија.
Повеќе информации за натпреварот за млади креативци Young Drummers 2026, можете да најдете на следниот ЛИНК.
















