Home » Extra 5 » Оваа африканска земја го забрани рекламирањето на алкохол

Оваа африканска земја го забрани рекламирањето на алкохол

Властите во Етиопија го забранија рекламирањето на алкохолни пијалаци за да промовираат здрав начин на живот во оваа африканска земја.

Етиопскиот министер за здравство, Амир Аман, им изјави на новинарите дека забраната за рекламирање на алкохолни пијалаци е воведена во согласност со кампањата за здрав живот што започна во источноафриканските земји.

Тој објасни дека рекламирањето на алкохолни пијалаци е забрането за сите медиски куќи, а дека таквите реклами се исто така забранети и на банери, постери, спонзорска опрема и слично.

Во февруари властите во Етиопија забранија пушење во близина на јавни институции, здравствени установи и забавни центри. Забранета е и продажба на алкохолни пијалаци на купувачи под 21 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365