Home » Во фокусот » Оваа серија на гифови е всушност реклама за пиво

Оваа серија на гифови е всушност реклама за пиво

Во рекламата за аргентинското пиво Брахма, GIF-овите се важни, но дружењето е поважно

Беше само прашање на време кога гифовите од социјалните мрежи ќе се преселат во некоја реклама за пиво. Една таква дојде од аргентинската агенција Santo, во која на самиот почеток еден коњ клоца момче директно во лицето, еднаш, два пати, три пати… И додека чекаме уште еднаш гифот да се повтори, момчето станува и порачува „18 е часот, времето за гифувањезаврши.“

Додека другите протестираат и ги продолжуваат своите GIF-овски движења, тој објаснува дека “гифувањето“ е важно ( зборот доаѓа од gifear – шпански збор кој го измисли агенцијата, а кој што очигледно значи ‘правење GIF-ови’, во духот на претварање на англиските технички поими во шпански еквиваленти, како ‘googlear’ за гуглање). Но, луѓето станаа толку зафатени сосоздавње на GIF-ови, што немаат време за уживање во вистинскиот живот. „Имам пријатели кои ме чекаат со ладна Брахма“, вели момчето. „Постои време за GIF-ови и време за живеење.“

Новиот маркетинг директор на Брахма, бренд во сопственост на Anheuser-Busch AmBev и најпродавано пиво во Аргентина, сакаше да направи исчекор од традиционалните спотови со момчиња кои се забавуваат и “шмекаат“ девојки и да воведе посовремен пристап, кој ќе се однесува на оние од 18-24 години, кои се главна целна група на овај бренд.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365