Home » Во фокусот » Овие Божиќни поеми ја откриваат шокантната вистина за семејното насилство доколку се читаат наназад

Овие Божиќни поеми ја откриваат шокантната вистина за семејното насилство доколку се читаат наназад

За хуманитарната организација Refuge, кампањата ги креираше агенцијата McCann Бристол

Хуманитарната организација Refuge и McCann Бристол започнаа моќна, поетска кампања за Божиќ, која ја зголемува свеста за насилството во семејството.

Секоја реклама содржи песна што открива идилична слика за семејната атмосфера за време на Божиќ, но  ако стиховите ги прочитате одоздола нагоре, ќе ја откријат ужасната вистина на оние што живеат со семејно насилство.

Во рекламите оваа организација повикува: „If your partner turns on you, turn to us“  (Ако вашиот партнер се сврти против вас, обратете се кај нас).

McCann Бристол ја изработи кампањата про боно, а ќе биде прикажана преку печат, радио, постери и социјални медиуми, а наскоро ќе биде лансирана и верзија за ТВ и кино.

Кампањата беше создадена од Зане Редклиф и Кен Сара, додека медиумскиот закуп го водеше Universal McCann. Стив Ривс ја режираше рекламата за кино и телевизија, а ја продуцирше продукциската куќа House Another Film Company. Актерката Максин Пике работеше на нарација за аудио-верзијата на поемите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365