Home » Во фокусот » Овие распеани кутии во Божиќниот спот на Амазон ќе ви го разубават денот

Овие распеани кутии во Божиќниот спот на Амазон ќе ви го разубават денот

Амазон обајви интересен божиќен спот во Велика Британија, во кој нивните насмеани картонски кутии патуваат низ целиот свет и патем задоволно пејат.

Во рекламата која ја изработи агенцијата Lucky Generals, логото на Амазон на кутиите се претвара во симпатична анимирана уста која ја пее песната „Give a Little Bit“ од Supertramp, додека весело се движат на патот од складиштето, преку целиот свет, до својата крајна дестинација.

Подлогата за целата реклама е едноставна и слатка приказна за една жена која во автобус купува подарок од божиќната понуда на Амазон за едно малечко девојче. Спотот го режираше Ник Гордон од Somesuch.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365