Во пресрет на Денот на Свети Патрик (17 март), популарниот ирски бренд на пиво Guinness ја отпочна својата сезонска кампања со која ги поттикнува фановите да го претворат овој празник во најзабавниот досега!
„Пејте како никој да не гледа, дури и погласно од нашите гајдаџии, бидејќи животот ги наградува храбрите, а Guinness е за храбрите. Овој ден на Свети Патрик е за сите!“ – заклучува брендот во новата реклама по повод празникот.
Од компанијата исто така планираат низа на активности по повод Денот на Свети Патрик, особено на територијата на САД, каде што ќе вложуваат во добротворни акции и ќе бидат составен дел од празничните паради во Њујорк, Бостон и Савана. Брендот исто така ќе учествува во традиционалното обојување на реката Чикаго во зелена боја.
Дополнително, Guinness организира наградна игра за најкреативните празнични здравици. Брендот ќе доделува над 100 награди од 10.000 долари, додека пак најкреативната здравица ќе добие награда од дури 1 милион долари. Пријавувањето се врши преку посебен веб-сајт создаден за таа намена.